Денешниот ден, 22ри Март-Светски ден на водата, децата од сите воспитни групи од објект Бели Мугри, го одбележаа со неколку активности.
Имено, најпрво разговаравме за начините на чување на водата, а потоа и ја развивавме свеста за начините на штедење на водата во нашите домови но и пошироко.
Најмалите деца работеа со ваљаци и со темперни бои на тема “ Боите на водата”, притоа уживајќи во звуците на водата во класичната музика.
Децата од 3-4 години цртаа на истата тема.
Додека, групите од 4-6години цртаа, сечеа, лепеа и учеа за начините на штедење и заштита на водата.
А своите знаења ги надополнија со едукативно видео на истата тема
“Запознавање со начините на штедење вода”.