“Светскиот ден на ластовицата” во објект “Бели Мугри” беше одбележан со неколку активности во групите со деца од 2 до 6 години.
Имено, децата сечеа, лепеа и боеја, додека пак најмалите дечиња “леткаа” во дворот со рачињата како ластовички , одбележувајќи го денот на “малата, црна наша преселна пријателка”.