Одбележување на светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Денеска е Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром. Мото годинава гласи „Со нас – не за нас“.

Oвој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста – право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор.

По тој повод, децата од сите објекти од нашата градинка, се вклучија во одбележување на овој ден со носење на шарени чорапчиња.

Сепак секое дете си има свој карактер, желби и амбиции, за чие исполнување во општествата со вкоренети предрасуди неопходна е силна поддршка и упорност.