Пчелар Роберт – објект Бели Мугри

Во рамките на проектот Инсекти, денес во нашата градинка не посетија пчеларот Роберт и родител Александра Мирческа кои што со помош на постери, слики и разни реквизити на децата им раскажуваа за пчелите и нивната функција да собираат мед. Децата преку денешната активност ги продлабочија своите знаења за пчелите и користа од нив. Воедно децата ги увидоа карактеристиките на производите како на пример мед, саќе, полен, пропилис итн.

Tags