Театарската претстава „Шумскиот суд реши дека Лиска згреши“

На 13.03 и 14.03.2023 год. во сите објекти децата од сите воспитни групи имаа можност да ја проследат театарската претстава „Шумскиот суд реши дека Лиска згреши“. Преку претставата децата ги продлабочија знаењата за културното однесување при следење на театарски претстави, стекнување на љубов кон театарот, но исто така театарската претстава им пренесе многу убава порака на децата…„Добрите другари се како детелини со четири лисја. Тешко е да се најдат, но среќен си ако ги имаш и знаеш да ги зачуваш.“