Работен ден, но несекојдневен – Матичен објект

Ден кој се памети и се врежува во трајната меморија. Независно дали сме деца или возрасни, сите сме луѓе и сите имаме емоции, но ги споделуваме само таму каде што имаме доверба. Кругот на доверба со кој го започнуваме секој ден во градинката, денес го проширивме со нашите драги гости, нашата министерка, нашиот градоначалник и нашата директорка.
Така емотивно поврзани нашите гости ги релаксиравме со вежби за истегнување и фокусирање на умот и ги испративме да се соочат со своите одговорности, среќни и задоволни.
Овие активности се дел од Програмата за поттикнување на социо-емоционалните компетенции во раниот детски развој за чија имплементација имаме голема поддршка од Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Tags