„Меѓународниот ден на жената 8 – ми Март “ во објектот Бели Мугри, го одбележавме со повеќе активности.
Имено, под мотото: “Со љубов за мама”, децата од сите воспитни групи, со песнички и стихови за жената, од срце им го честитаа празникот на своите мајки, баби, тетки.
Исто така, за овој празник децата со своите вредни рачиња изработија честички, со кои на симболичен начин ќе им го честитаат овој празник.