Знаејки ја важноста на книгата како непресушен извор на информации и забава за целокупниот развој на една личност ги поттикнавме родителите заедно со своите деца да посетат некоја книжара, библиотека или да им ја прочитаат омилената сликовница, да илустрираат дел од својата омилена сликовница и преку сите тие активности да ги мотивираат своите деца да ја засакаат литературата за деца. Во прилог е колаж од фотографии којшто родителите ги испратија и со тоа ја збогатија нашата Веб-страна.