Нашиот народ има богата традиција која се негува и пренесува од генерација на генерација од дамнешни времиња. Таа изобилува со прекрасни ракотворби-носии, накит, грнчарија, играчки, потоа инструменти, песни и ора, народни умотворби. Иако живееме во модерно време традицијата е длабоко вкоренета во нашиот ген, таа претставува создавање иднина од нашето минато. Во контекст на тоа ги поттикнавме родителите да ги запознаат и фотографираат своите деца со некој сегмент од нашата традиција. Во прилог е колаж од фотографии којшто родителите ги испратија и со тоа ја збогатија нашата Веб-страна.