Македонска традиција – Матичен објект

Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да ја презентира една земја. Македонија е земја во која минатото оставило скапоцени траги, а сегашноста  уште повеке го разубавила и оплеменила. Македонската традиција има длабоки корени. За тоа, како изгледала нашата земја некогаш, дознаваме од раскажувавањето на постарите лица – бабите и дедовците, од старите фотографии и слики, од книгите…Тоа е наше културно наследство, кое треба да го негуваме  и пренесуваме на нашите поколенија.

Па така  децата од групата “Ѕвездички”, од Матичниот објект, на возраст од 5-6 год., фасцинирани од тоа што претставува традицијата, решија во месец Јануари да ја истражуважуваат Македонската традицијата.

Децата своите знаења ги збогатија и проширија преку разни  игри и игровни активности :

  • Беа во посета на Музеј на Македонија, за потоа да изработуваат садови и сетови за домаќинство од глина и глинамол (грне, стомна чинии, чаши, лажици, толчник, бокали) ;
  • Запознавајќи ја македонската народна носија, изработија традиционален накит нижејки монистра и везеа  свадбарски  марамчиња со парички;
  • Ги истражуваа македонските орнаменти и истите ги сликаа на платно и хартија ;
  • Го испочитуваа обичајот за празникот Бадник со месење и кршење лепче со паричка;
  • Играа драмски, имитативни, творечки игри во Етно центарот;
  • Го негуваа фолклорот со народни песни и ора.

Сите овие активности кај децата поттикнаа  љубов кон својата македонска традиција и желба за нејзино почитување и негување, како и применување во иднина.

 

Tags