На ден 30.01.2023г. децата од сите воспитни групи имаа можност да ја проследат куклената претстава „Новата шумска пријателка“. Целта беше да се поттикнат децата на љубов кон куклените претстави, да научат на кој начин да прифатат ново другарче во групата, да се учат на убаво и културно однесување при следење на куклени претстави.