Со децата од големата група Ѕвездички реализиравме интересна ликовно-манипулативна игра “Шарени ѓерданчиња” при што кај децата се поттикнуваше нивната креативност и фантазија. Тие беа истрајни во активноста, со радост и задоволство работеа, а на крај направивме изложба од изработките во нашата занимална.