Куклена претстава “Трите снешковци” – Бели Мугри

Активот на воспитувачи од објектот Бели Мугри, ја подготви и реализира куклената претстава: “Трите снешковци”.
Публиката се состоеше од децата од воспитните групи на  2- 6години.
Во овие студени, зимски денови, претставата донесе радост и топлина во детските срца и измами насмевка на детските лица. Содржината беше лесна, проткаена со хумор, а децата ја разбраа пораката на истата:
“Добрите другари не се повредуваат еден со друг. Добрите другари заедно ги решаваат своите проблеми”.
Tags