Изработка на кавалчиња – објект Бели Мугри

Во склоп на темата “Празнуваме со традицијата” децата се запознаа и ги продлабочија знаењата за традиционалните музички инструменти: тапан, гајда, зурла, кавал… Со цел да ја поттикнеме еколошката свест кај децата се обидовме со помош на картонска амбалажа да изработиме кавалчиња и да ги украсиме со самолеплива колаж хартија при што дојде до израз детската креативност и фантазија.

Tags