ДЕКЕМВРИ е онаа,, тенка линија” помеѓу стариот крај и новиот почеток. Насекаде насмевки и ламбички во шарени бои. А дома- дебело ќебенце, колачиња и новогодишен филм.
Сите можеме да се согласиме дека без разлика на возраста секогаш уживаме да добиваме подароци.
Затоа месец ДЕКЕМВРИ го именуваме како месец на подароци.
Мотивирани од истото, во соработка со родителите и децата, беа изработени прекрасни новогодишни кутии во различни декорации каде што децата ги поставија на елката во холот на градинката.