Новогодишни креации од материјали за рециклирање – Бели Мугри

Уште од мали нозе се трудиме да ја поттикнеме еколошката свест кај децата, а изработката на новогодишни честитки, украси и лампиони од материјали што не се повеќе за користење и претставуваат отпад ни дава одлична можност да ја поттикнеме детската креативност и фантазија. Децата од групата “Зајачиња ” од објектот Бели Мугри беа вредни и изработија прекрасни новогодишни украси, лампиони, снегулки, честитки, елки и ја украсија својата занимална.

Tags