Децата од 5-6 годишна возраст во сите објекти, имаа можност да следат едукативно предавање “Исправи се” како дел од проектот за превенција од деформитети на рбетниот столб и правилно изведување активности кај децата од предучилишна возраст, во организација на Општина Центар.
Предавањето имаше за цел кај децата да поттикне размислување за правилно седење на училишна клупа и изведување вежби за правилен раст и развој.