Вредности кои треба да се почитуваат – објект Бели Мугри

Солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување се основни вредности на кои што треба да почива нашето делување, работење и функционирање.

Поттикнати од овие вредности, на ден 21.12.2022 година, беше организиран “Хуманитарен Новогодишен базар”. На овој хуманитарен базар, организиран во холот на градинката Бели Мугри, учество земаа родителите на децата од овој објект. Со нивното присуство покажаа дека силно ги поддржуваат токму овие вредности.

Имено, на штандовите за изработки, беа изложени производите кои децата со нивните родителите ги изработија за оваа намена. Преку купување на истите но, и преку донирање, директно им помагаме на оние на кои им треба помош.

Со овој настан овозможивме, преку донации  и  преку солидарно донирање, да му помогнеме на едно детенце на кое му е потребна нашата помош и да изнудиме насмевка на неговото лице.

Голема благодарност до родителите ….

Tags