На 21.12.2022 година претставници од Народна банка беа во посета на нашата градинка. Имено тие ги запознаа децата со значењето на Денарот и стекнување на навики децата уште од најмала возраст да ги штедат парите во касичка и да ги наменат заштедените парички за да си купат за нив нешто вредно. Сите деца добија по два работни листови со различни вежби за “Денарко” и да изработат касичка со намена да собираат во неа денарчиња. Сето тоа можете да го погледнете од следните фотографии.