Oбјект Панорама на ден 21.12.2022 год. организираше активности за подигање на свеста за значењето на хуманитарната поддршка, а дел од тие активности опфаќаше и собирање на финансиски средства за оние на кои им е потребна помош. Децата заедно со своите родители покажаа дека хуманоста се стекнува уште од најрана возраст. За таа цел, родителите изработија новогодишни честитки, икебани, колачиња, лампиони и други разновидни украси со новогодишни декорации, кои беа продавани на хуманитарниот базар. Базарот беше успешно реализиран, посетеноста беше голема и беше собрана значителна сума на средства.
Голема благодарност на родителите……