Да се направи добро дело на некого, за човештвото можеби е незначително, но за самите нас е многу значајно, зошто не прави подобри, похумани, позадоволни од самите себе.
Да се биде хуман онаму каде што е најпотребно, е најдоброто дело што може да се направи. Затоа децата треба да се учат на хуманост и емпатија уште од мали нозе.
За таа цел во Матичниот објект се организираше хуманитарен базар во соработка со родителите, кои што заедно со децата изработуваа колачи, сапуни, украсни новогодишни ќеси, теглички со новогодишни елементи…
Сите изработки беа изложени во холот во градинката во една магична и топла атмосфера, каде што родителите купуваа, а со тоа донираа парични средства за нашето другарче Филип.
А децата имаа една и единствена новогодишна желба: “ЗДРАВЈЕ ЗА НАШЕТО ДРУГАРЧЕ ФИЛИП” !💙
Голема благодарност до родителите …