Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење – работилници во големите групи во сите објекти

Како дел од проектот “Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење” кој го реализира “Суниленс”, лиценцирана компанија за управување со отпадни масла во сoработка со Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, децата од големите групи реализираа работилници, преку кои научија дека отпадното масло и загадувањето имаат многу штетно влијание врз живиот свет на планетата. Децата заклучија дека и животните и растенијата имаат проблем со загадувањето кое е предизвикано од луѓето, истовремено поттикнувајќи ги да размислуваат и забележуваат.