Има нешто волшебно во ова годишно време кое ја бои природата со прекрасни нијанси на црвена, жолта и портокалова. Посебна убавина и даваат детските цртежи и креативните изработки.
Па така и децата од Матичниот објект ја наполнија есенската кошница со најразлични изработки од тикви, есенски декоративни ливчиња, модели на ежиња и сето она што инспирира на есен.
Корпата со есенски плодови ни ја збогати и Активот на негователки. Со нивните изработки го украсија и нашиот хол.