Настан посветен на инклузијата во објект Бели Мугри

На ден 25ти ноември (петок) нашата градинка имаше чест да биде домаќин на настан кој е во рамките на проектот „Инклузија на децата со попреченост во предучилишното образование“. Проектот е поддржан од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и негова главна цел е да ја подобри климата во градинките за тие да станат поинклузивни и да го зголемат опфатот на децата со попреченост во предучилишните установи. За да се постигне оваа цел Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ како спроведувач на овој проект работи на зајакнување на капацитетите на поголем број институции што го поддржуваат директно или индиректно предучилишното образование. Гордана Благојевска и Данче Тодоровска се претставници од здружението Отворете ги прозорците кои ја водеа оваа средба.
На настанот присуствуваа претставници од Општина Центар, стручните тимови од градинките на Општина Центар, воспитувачи, негователи и родители.

Tags