На 25ти ноември оваа година одбележуваме 83 години од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“ од нашиот поет Кочо Солев Рацин. Еден од објектите на нашита градинка Кочо Рацин, го носи името на оваа значајно ремек дело.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин е испечатена на 25 ноември 1939 години во Самобор, во 4.000 примероци. „Бели мугри“ е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјални и револуционерни теми.