Гостин родител во матичен објект

Во рамките на месечната тема ,,Човечкото тело,, во група ,,Пеперутки,, од матичен објект денеска имавме гостин родител, ортопед Марина Комненовиќ Филдишевска, кој на многу интересен и креативен начин им објасни на децата за коските во човечкото тело, задржувајќи се на дланката. Со помош на цевки, коноп и исцртана дланка на хартија, ги претставија коските и тетивите и набљудуваа како со нивна помош се движат прстите на дланката.

Активноста го задржа  вниманието на децата, и ја поттикна нивната љубопитност.
Tags