Симболиката на 13 Ноември за Скопје е дата од неговата лична карта, ден на повторното раѓање – роденден на градот. Тоа е денот кога се обележува ослободувањето на Скопје и денот кога конечно градот ја вкусува слободата.
Под мотото “Пееме и славиме за нашиот град “ децата од сите воспитни групи на објект Бели Мугри го прославија роденденот на град Скопје.
За таа цел, а традиционално како и секоја година ,оваа година роденденот на нашиот главен град го одбележавме сите заедно во холот на градинката Бели Мугри. Децата беа среќни и радосни ,рецитираа стихови, играа и пееја песнички за Скопје и танцуваа со кореографија .
Убавото и весело расположение ,како и атмосферата и амбиентот од денешната мини приредба можете да ја погледнете низ следните фотографии.