На ден 11.11.2022г. по повод 13 Ноември, роденденот на градот Скопје со децата на возраст од 4-6год. го одбележавме преку стихови за Скопје, игра, песна, манипулативни игри со макети од знаменитости од градот Скопје, цртежи со најубави желби за градот итн. Целта беше да го поттикнеме активното учество на децата во прослава на одбележување на државните празници.