Мојот град-урбана средина-Бели Мугри

Денот на урбаната средина, 07ми Ноември, во нашиот објект” Бели Мугри” беше одбележан со гостин родител-архитект.
Имено, мајката на Исидора (од групата од 4-5години) архитект Ивана Јовичиќ, се обиде да им ја долови оваа професија на децата од сите воспитни групи.
Исто така, децата имаа шанса да бидат и тие архитекти, така што учествуваа во градењето на градот, по своја замисла и идеја, со дрвени коцки врз  макетата од улиците на градот.
Tags