По повод одбележувањето на Денот на урбаната средина, децата од групата од 5-6 години ја посетија Општина Центар.
Децата имаа можност да се запознаат со работата и обврските на Градоначалникот но, и со сите сектори кои ги има Општината. Децата беа воодушевени од топлиот пречек на вработените во Општината и се чувствуваа слободни да им постават најразлични прашања на неколку теми.
Децата си заминаа со позитивни емоции и со желба за повторување на посетата и во иднина.