По повод Светскиот ден на штедењето 31 октомври, во нашиот објект гостуваа претставници од Шпаркасе банка. Тие ги запознаа децата од сите воспитни групи за начинот на штедење пари, но и штедење вода, енергија, храна и воопшто штедењето како поим. Посебно интересна за децата беше маскотата, која внесе весело расположение.