Рачиња кои зборуваат – изучување на македонскиот знаковен јазик во градинка

Во периодот од 13ти до 15ти октомври во Скопје се оддржа меѓународна научно-стручна конференција на тема „Образование на лицата со попреченост – актуелни состојби и перспективи“ во организација на Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ, Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет – Скопје и Педагошкиот факултет од Тетово. Покровител на настанот беше Министерот за образование и наука г-дин Јетон Шаќири.

На оваа конференција, воспитувачот/раководителот на Матичниот објект, Снежана Гуцуљ го презентираше трудот „Рачиња кои зборуваат – изучување на македонскиот знаковен јазик во градинка“. Во подготовката на трудот учествуваа: Снежана Гуцуљ – воспитувач, Габриела Алабашовска – директор, Јасминка Димеска – педагог и Ана Петковска Николовска – специјален едукатор и рехабилитатор.

Изминатата воспитно-образовна година 25 деца од Матичниот објек на нашата градинка се запознаа со македонскиот знаковен јазик и научија да комуницираат со негова употреба. Со бројните активности за негова имплементација  кај децата развивме поголема свесност за поинаквите од себе и прифаќање на богатството од  различности.

Поттикнати од овие добри резултати, останатите воспитувачи од Матичниот објект пројавија интерес и тие да научат дел од знаковниот јазик за да можат во иднина да работат на создавање на личности кои ќе бидат важни чинители за креирање на инклузивна социјална средина и двигатели на процесот на прифаќање и почитување на различности.

Токму овие постигнување беа тема за наше гостување во Утринската програма на МТВ1.

Tags