На ден 14.10.2022год.во воспитните групи од 5-6години од матичниот објект, во посета беа стоматолози од Служба за детска и превентивна стоматологија- Здравствен дом на град Скопје.
Темите кои им беа презентирани на децата на оваа посета беа ,,Градба и нега на орална празнина”, ,,Правилна исхрана и контрола на внесување на шеќери”, ,, Правилна орална хигиена” и ,,Редовна посета на стоматолог и употреба на флуроиди во превентивни цели”. Преку овие теми децата се запознаа со правилната нега на забите и усната празнина, како и со факторите кои можат да им наштетат на нивните заби и да го загрозат нивното здравје.