Во знак на одбележување на Денот на животните 04ти октомври, децата од воспитната група од 5-6 год. ја посетија Зоолошката градина во Скопје. Низ Зоолошката градина не водеше едукаторот Александар кој многу убаво им раскажуваше на децата за животните. Децата научија многу нови работи за животните и се запознаа со нивниот живот, исхрана, каде живеат, од која земја потекнуваат и сл.
Најголем впечаток од посетата на децата им остави Baby Zoo и прошетката со вовчето. За сето тоа сведочат следните фотографии.