Во рамките на детската недела, а по повод 4ти октомври – Ден на заштита на животните, децата од групите 5-6год. ја посетија Зоолошката градина. Целта беше поттикнување љубов и грижа кон животните, запознавање со некои видови од светот, како и културно однесување при посета на Зоолошка градина.