Бабите и дедовците ни се најважните личности во нашите животи (мама и тато се подразбираат, нели). Под мотото “Со љубов за баба и дедо” в.о група “Сонциња”, 5-6 г, објект “Панорама” го одбележа Меѓународниот ден на старите лица. Цртавме, раскажувавме за нив, ги искажувавме нашите емоции кон нив, дознавме дека без нив е тешко. На прашањето- Зошто ги сакам баба и дедо?, добивме интересни одговори- “ме носат во продавница, ми купува баба се што сакам, се мазат со нас, не не караат, ми свири дедо на гитара, не носат во игротека, МИ ЧИТААТ ПРИКАЗНИ, купуваат многу играчки и облека.. А дознавме и дека бабите и дедовците не се стари- постојат и малку стари и помлади… “БАБИ И ДЕДОВЦИ-ВЕ САКАМЕ”..