Другарството е една од најважните работи при растењето. Другарството не е само извор на забава туку е од голема помош за секое дете да се развива на правилен начин. За голем број другарства, корењата се создаваат уште во градинка.
Па затоа, децата од нашата градинка, им посакаа топло добредојде на нашите нови другарчиња, со организирана приредба која се одржа во холот на Матичниот објект со стихотворби, детски песнички, забава и дружење а сето ова резултираше со среќни и насмеани детски лица.