Како секоја година, традиционално децата и вработените од објектот Бели Мугри, активно се вклучивме во одбележувањето на 22- ри Септември – Ден без автомобили. Со возење велосипеди и тротинети, децата испратија порака до возрасните дека Скопје заслужува да стане зелен град по примерот на други европски градови и дека користењето на алтернативни превозни средства ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот.