Денес во нашата градинка децата пристигнаа со тротинети и велосипеди за да го одбележиме Светскиот Ден без автомобили.
Под мотото ,,Со велосипед до почист свет“, во дворот на градинката (Кочо Рацин-Матичен објект), децата возеа по сообраќаен едукативен полигон со тотинети и велосипеди.
Одбележувањето на овој ден кој е последен од европската недела од мобилност, треба да ги поттикне децата да замислат еден поинкаов свет кој ќе биде во функција на здравата животна средина.
Во успешната реализација на овој настан не подржаа и Здружението на граѓани за заштита и унапредување на животната средина ЕКО ЛОГИК. На настанот присуствуваа претставници од општина Центар.