Денес го одбележуваме Светскиот ден без автомобили. Овој ден го слави движењето пешки, со велосипед, со тротинет… Идејата на денот е да ни даде претстава како би изгледал нашиот град со помалку автомобили и со пичист воздух за дишење. По овој повод децата од големите групи од објектот Н.Н.Борче излегоа на блиската улица возејќи велосипеди и тротинети и им упатија порака на возрасните да користат еколошки превозни средства.