Озонската обвивка, кревок штит од гас, ја штити земјата од штетниот дел на зраците од Сонцето со што помага за зачувување на животот на планетата. 16ти Септември е Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка и по тој повод децата од големите групи од клонот Н.Н.Борче го одбележаа преку цртежи – флаери на кој ги претставија своите идеи за заштита на озонската обвивка. Исто така направија и мало истражување – експеримент преку кој сакавме да го објасниме ефектот на стаклена градина и штетноста на ултра виолетовите зраци по живиот свет на земјата.