Татковината празнува – објект Н.Н.Борче

На ден 07.09.2022г. во објектот „Н.Н.Борче“, децата на возраст од 5-6г под мотото „Татковината празнува“ изработуваа македонски знамиња во техниката „мозаик“ од колаж хартија, а исто така изработија и пано на кое околу картата на Македонија прикачуваа слики од убавините на нашата земја. Освен што ги збогатија своите знаења за татковината во која живеат и значењето на празникот, кај нив се поттикнаа и патриотски чувства и се продлабочи љубовта кон нашата татковина.

Tags