На ден 07.09.2022г. Денот на независноста беше одбележан во дворот на објектот со мини веселба под мото: Среќен роденден земјо моја,мила.
Како реализатори на оваа веселба беа децата од воспитните групи oд 4-6 години, кои по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија, играа и се забавуваа на музиката од песната Земја најмила од Калиопи. Овој ден беше проследен со многу уметност, односно со сликање и боење со темперни и мрсни бои, но и со колаж техника на црвената и жолтата боја на нашето знаме. Од салфетки во црвена и жолта боја, како колективна изработка, беше изработено Македонското знаме на голем заеднички хамер. Владееше весело расположение, како кај децата кои настапуваа, така и кај децата од групите со помала возраст кои беа во публика.