Месец на црешите – Матичен објект

Матичен објект, месец јуни го посвети на црешите. Децата од сите воспитни групи направија пикник во дворот на нашата градинка, сладејќи се со вкусни црвени цреши. Весели и насмеани, децата си ставаа цреши на ушињата како обетки и рецитираа стихотворби, а потоа децата од малите групи моделираа цреши од пластелин. Целиот ден беше исполнет со ведро и весело расположение.

Tags