Светски ден на музиката – Матичен објект

Музиката им помага на децата да се развијат, да го сфатат светот кој ги опкружува, но и да ги искажат своите лични искуства. Музиката најчесто се поврзува со уживање и задоволство. Меѓутоа, нејзината едукативна улога е многу значајна со оглед на тоа дека континуирано делува на целокупниот развој на детето. 21.06-светскиот ден на музиката во матичен објект се одбележа под мотото ,,Со музика растеме,, во сите воспитно образовни групи, со разни активности. Децата слушаа различни видови на музика, играа, танцуваа, пееја, свиреа… Исто така се играа и многу музички игри, кои кај децата го поттикнаа интересот кон музиката, не само кон детската туку и кон другите видови музика.

Tags