Првиот чекор е направен …Токму денеска. Како дел од соработката од Меморандумот на Општина Центар и Факултетот за земјоделски науки и храна, денеска започна раззеленувањето и разубавувањето на нашиот двор, Објект Панорама.
Малите градинари од в.о групи “Буба Мари” и “Сонциња”, со нивните вредни рачиња, денеска започнаа да ја градат првата Еколошко-едукативна парк градина. Водата, Сонцето и секако љубовта се оние работи без кои нашите растенија не можат да растат.
Децата оставија силна порака за важноста на зеленилото во нашето секојдневие и грижата за нашата околина…