ЦРВЕН КРСТ-Посета-објект Бели Мугри

Преку проектот на Општина Центар во соработка со Црвен Крст денес децата од 5-6 години од група Сонциња, објект Бели Мугри, ги посетија вработени од Црвен Крст , кои со нив разговараа на тема”Промоција на хигиена во време на пандемија”. 
Децата имаа шанса да ги надоградат своите знаења за личната и општата хигиена,да постават некои прашања но, и практично да покажат како тие се “справуваат” со бактериите преку правилно користење на сапун и средство за дезинфекција. 
Tags