Трагајки по звукот на тишината како дел од нашата неделна тема, тимот на СОНЦИЊАТА од објект Панорама повторно се „собра“ и помина прекрасен ден на падините на планината Водно. Истражувајки ги звуците на природата, притоа бегајки од бучавата на градот, децата уживаа во прекрасниот ден и тишината на природата. Во оваа едукативно-рекреативна прошетка, не изостана и спортот, забавата, играта која на децата им е најпотребна. Остануваат да сведочат овие фотографии за сето она што го научија и го истражуваа низ игра и смеа. До некоја наредна прошетка…