ЕВРОПСКА ЗЕЛЕНА НЕДЕЛА – одбележана во сите објекти

Со децата од сите објекти ја одбележуваме Европската зелена недела, со активности кој ја поттикнаа детската креативност и ја подигнаа нивната свест за еко системот, се со цел запознавање со општите поими од животната средина и развој на креативни вештини преку искуствено учење. На крајот од експериментите децата зрачеа со неизмерна среќа, радост, исполнетост, изненаденост, воодушевеност од сопственото откритие.