На 26ти мај децата од групата “Ѕвончиња”, земаа учество во ликовната колонија која се одржа во градинката “13 Ноември”, по повод доделување на награди за најдобри четири профили на вработени од трите градинки на Општина Центар и награди за дечињата, учесници на ликовниот конкурс – Деца уметници во центарот на Скопје. Децата твореа и креираа во различни ликовни техники.